Се чека градежна дозвола за школото во Визбегово – Адеми: Драго ми е што општина Бутел реагираше

Министерството за образование и наука даде позитивно мислење на општина Бутел за урбанистичко – архитектонскиот план за изградба на основно училиште во Визбегово. Ова за ТВ21 го изјави министерот за образование, Арбр Адеми. Тој додаде дека сега останува општината да обезбеди дозвола и изградбата да почне.

Од друга страна, градоначалникот на Бутел , Велимир Смилевски рече дека чекаат одобрение од катастар.

Додела се обезбеди целата документација и додека се изгради училиштето, учениците од Визбегово ќе продолжат да пешачат со километри за да стигнат до училиштето Адем Јашари во Чаир.

Извор: ТВ21