Живот

„Се изобличи, полна си со ботокс“ – Станија Добројевиќ непрепознатлива

Станија Добројевиќ синоќа влезе во реалното шоу „Задруга 5“, а во однос на првото појавување на телевизија, изгледа сосема поинаку.

Имено, во 2012 година кај нас се емитуваше реалната програма „Преживеан“, во која учесник беше Станија Добројевиќ. Старлетата тогаш изгледаше природно, и како што минуваа годините, се менуваше.

Самата Добројевиќ призна дека имала некои естетски корекции.

„Поддржувам естетски корекции, ако се е во умерени количини. Направив гради и неколку корекции – подочници, очни капаци и ставив хијалурон во усните. Така што немам ништо против тоа и го поддржувам, се додека не оди предалеку – изјавила тогаш Станија за „Magazine in“.

Сепак, домашните медиуми отидоа чекор подалеку, и набројаа некои други интервенции за кои веруваат дека ги има старлетата, и покрај тоа ја поставија оптималната цена за истото.

  • Нос – 2.000 евра
  • Усни – 400-600 евра
  • Заби – 5000 евра
  • Очни капаци – од 600 до 1000 евра
  • Гради – 3000 до 4000 евра
  • Задник – од 2000 евра
  • Надградба: 600 евра

Кога станува збор за нејзиниот физички изглед, луѓето се поделени. И додека некои мислат дека старлетата била поубава пред корекциите, други мислат дека се што направила е со умереност. Во прилог на тоа зборуваат и реакциите на нејзиниот физички изглед од синоќа.

„Станија, изобличена си“, „Полна си со ботокс“, „Не личиш на себе“, „Совршена си“, „Колку убава жена“, беа некои од коментарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни