Свет

„Се обидов да ја држам сопругата за рака, калта ја однесе“, потресно сведоштво на маж од Непал

„Се обидов да ја држам сопругата за рака, калта ја однесе“, потресно сведоштво на маж од Непал

Ненадејна поплава го погоди граничниот премин во округот Џиронг, однесувајќи куќи, патишта и хидроелектрани. Властите стравуваат дека бројот на жртви може да биде многу поголем.

„Тоа беше огромен каллив нанос што доаѓаше директно кон нас. Како што се приближуваше, стануваше сè повисок и повисок. Кога ја видов како влегува во нашиот дом, се обидов да ја држам сопругата за рака и да ја однесам на терасата. Но, калта ја однесе“, рече Кешав Прасад Барал (68), преживеан кој се опоравува во локална болница.

„Четири или пет часа подоцна, пристигна хеликоптер за да ме спаси. Мојата сопруга е сè уште некаде под калта. Ја нема.“

Друг преживеан опиша како успеал да избега држејќи се за дрво манго додека ја гледал куќата каде што работел како исчезнува.

Сведоци изјавија за Ројтерс дека цели села се потопени во вода.

„Каде и да погледнеме, има уништување“, изјави за Ројтерс Тула Бахадур БК, здравствен работник во Расува. „Селата покрај реката се целосно однесени од водата. Петмина мои роднини се водат како исчезнати.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни