Македонија

Се огласи и Арсовска за снимката од Чаир: Не им се гледаат БОКСОВИТЕ И ШАМАРИТЕ!

Се огласи и Арсовска за снимката од Чаир: Не им се гледаат БОКСОВИТЕ И ШАМАРИТЕ!

На социјалните мрежи се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Повод е објавената видео снимка од Чаир, во која се тврди дека токму таа нападнала граѓанин.

Според Арсовска, снимката е лиферувана од МВР, и на истата не се гледале боксовите и шамарите.

Претходно, таа објави и видео во кое истакна дека 2 часа била во ПС Кисела Вода, каде после првиот час расположението се променило и се обидувале да го заштитат лицето кое физички ја нападнало.

Како што вели, добила прашања, што барала таму и всушност зошто излегува на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни