Поврзи се

Бизнис

Се ограничуваат трошоците кои граѓаните ги плаќаат за брзи кредити до 200 евра

Published

on

Се намалуваат високите трошоци за брзите кредити кои ги издаваат финансиски друштва, но и една банка. Со законските измени, што ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, кои досега достигнуваа и до 500 проценти од сумата на кредитот. Со измените се опфаќаат мали кредити под 200 евра што претходно, не беа законски опфатени.

Измените на Законот за заштита на порошувачите при договори за порошувачки кредити, кои од денеска ќе бидат изложени и на Единствениот национален електронски регистар – ЕНЕР, беа презентирани на средба меѓу заменик-министерката за финансии Ширет Елези и претседателската на Оганизацијата за заштита на порошувачи Маријана Лончар.

-Текстот продолжува по рекламата-

– За да ги заштитиме граѓаните, а воедно и да го намалиме ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ги направивме овие законски измени. Со нив се намалуваат и вкупите трошоци за кредитите. Со измена на законот, сега вкупните трошоци на кредитот се лимитираат на 55 отсто, или пет пати по стапката на казнената камата од 11 отсто. За споредба претходно не постоеше лимит, така што давателите на кредити за мали износи и куси временски рокови наплаќаа двојно или тројно повисока сума трошоци од главнината, изјави Елези додавајќи дека на пример за земен кредит од 12.000 денари на два – три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000 денари.

Претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја поздрави иницијативата на Министерството за финансии за измени на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

– Оваа измена е особено важна за сите нас како потрошувачи од причина што се ограничува годишната стапка на вкупни трошоци за потрошувачки кредити. Поволно за потрошувачите е тоа што со законските измени се овозможува законот да се применува и на кредитите до 200 евра кои досега не беа опфатени со овој закон, додека кај потрошувачите се создава заблуда затоа што најчесто овие кредити се рекламираат како кредити без камата, а всушност пресметаните трошоци претставуваат скриена камата. Од тие причини ОПМ апелира измените да бидат што побргу усвоени, рече Маријана Лончар.

Во земјава се регистрирани 20 финансиски друштва кои нудат вакви кредити на граѓаните.

Реклама
Македонија

„Груевски и фамилијата превземаа фирми и стануваа сопственици“, рече Дескоска

Македонија

„Не знам од каде се снимките за Камчев, но мислам дека сега не се прислушкува“, рече Дескоска

Македонија

„1ТВ наликуваше на квази суд, цело време нѐ бомбардираа“, вели Силјановска

Македонија

Дескоска: Наместо „Рекет“, ќе излезе „Поткуп“

Македонија

Дескоска: Порано луѓето се плашеле да пријавуваат, Рекет е охрабрување и за другите

Македонија

„Рекет“ е добро сценарио за снимање филм“, велат едногласно Дескоска и Силјановска

Македонија

Силјановска: Јанева не можела да креира таков перфектен систем за рекетирање

Македонија

Силјановска: Уште на старт кога имате човек без знаење, може да очекувате секакви работи

Македонија

Силјановска: Не верувам дека Бојан и Јанева се сами во приказната „Рекет“

4NEWS.mk

Мицкоски од Париз: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача реформи и борба против криминалот

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com