Се омажи за пилот и замина во Флорида: Еве како изгледа сега некогашната српска ѕвезда

Многу пејачи кои беа толку популарни во деведесеттите години, се повлекоа од сцената денес и не се занимаваат со јавна работа. Една од нив е Горица Поњавиќ, таа беше член на групата „Неверне бебе“ во периодот од 1997 до 2003 година.

Оваа група објави неколку од најголемите хитови во тој период, како што се „Странац“, „Двоје“, „Љубав“, „Готово“, „Балкан“ … Песната „Двоје“ стана и заштитен знак на бендот, кој започна во тоа време да учествува во шоуто “3К Дур”

После тоа, Горица ја напушти Србија.

Денес, таа живее на Флорида и не се занимава со музика, туку води тивок, семеен живот. Таа е мажена за пилот и е мајка на малата Маја.

Членовите на групата „Neverne bebe“ неодамна се собраа и го прославија нејзиниот роденден, па ја пречекаа со торта.