Се омажи за самата себе, а сега сака да се разведе

Познатата манекенка Кристина – Крис Галера, на официјална свеченост во септември оваа година „се омажи“ за самата себеси, но сега поднесе барање за развод, затоа што се вљубила во друг.

На својата венчавка Галера објасни дека ѝ е доста од мажи и дека може да смета само на себе.

Манекенката од Сао Паоло, уверува дека веќе „не е разочарана“ што нема младоженец за неа, туку од тоа што ќе мора да се разведе 90 дена по „свадбата“.

За нејзина среќа, девојката запознала посебна личност, и се вљубила.

„Почнав да верувам во љубов во мигот кога запознав некој посебен“, вели Крис.

Инаку, лавина критики ја преплавија Галера на интернет, откако „се омажи“ со самата себе.