Свет
17,251,430
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15

Се отвора граничниот премин Ники-Меџитлија

Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

И од двете страни на границата, и од Северна Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.