Човекот кој од март 1994 година , како специјален пратеник на тогашниот американски претседател Бил Клинтон , а подоцна и од генералниот секретар на ОН, посредникот во грчко-македонските преговори, Метју Нимиц, го поздрави финалното изгласувањето на уставните амандмани во Парламентот, во согласност со Договорот од Преспа и очекува комплетирање на процесот.
„Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес.Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам комплетирање на процесот како што е предвидено со Договорот“, изјави генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.
Нимиц потсетува дека како и досега, Обединетите Нации остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.
Речиси сите шефови на државите и дипломатиите ја поздравија ратификацијата на договорот во македонскиот парламент , со надеж дека и грчкиот парламент до крајот на овој месец ќе го стори истото. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се, премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех, се дел од коментарите во светските медиуми.
РЕПОРТЕР: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ
