Се отвори патот за службен албански јазик, Џафери го потпиша, Иванов го обвинува за прекршување

По една година, конечно, Законот за употреба на јазиците е потпишан од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Со ова се регулира употребата на албанскиот јазик како службен јазик во земјата. Претседателот на Собранието, рече дека тој го чекал една година Претседателот на државата Иванов но тој одбил да ги почитува неговите законски обврски, Иванов вели дека објавувањето е незаконски и е кривично дело.

-Јас со целосно убедување дека имам право и преземав дејство, јас на претседателот на државата му дадов можност една година, што се однесува до Законот за јазиците и 6 месеци за ратификација на Преспанскиот договор, тој да ја заврши неговата обврска. Но тој одби да ги заврши неговите обврски. Со самото тоа дека тој не прифати да ги спроведен неговите обврски, јас имам надлежност и обврска да го почитувам Уставот и законите кои се гласаат т од страна на Парламентот – рече Талат Џафери.

Двата потписи на Претседателот на Собранието, во Службен Весник, без потписот и декрет на Претседателот на државата, се против Уставот, вели во писмена изјава претседателот Иванов

– Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска. Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење. Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави? – вели Иванов.

Од Владата велат дека Иванов не го почитуваше Уставот со не потпишувањето на Законот за употреба на јазиците и ратификацијата на Преспанскиот договор, и дека парламентарната демократија мора да функционира.

-Владата ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во „Службен весник на РМ“ со потпис на Претседателот на Собранието, имајќи го предвид прекршувањето на Уставот од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Иванов беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија.- велат од Владата на РМ.

Законот за јазиците беше усвоен пред една година и беше двапати изгласан од парламентарното мнозинство , но претседателот, Ѓорге Иванов одби да го потпише тврдејќи дека се прави јазична федерализација на Македонија. Уставниот суд оцени дека доколку законот не се потпише  од Претседателот на државата и по второто гласање во Парламент, тогаш Претседателот го крши Уставот. Во овој случај, второто авторизирано лице за декретирање на овие закони е Претседателот на Собранието.

Репортер: Зимер Јашари

Извор: ТВ21