Се планира затворање на „Рекорд“ за автомобили – граѓаните против проширување на улицата „Даме Груев“

Град Скопје планира булеварот Димитрие Чупоски познат како Рекорд да се затвори за автомобили, а Жена Парк да се продолжи до Собрание. Од друга страна, улицата Даме Груев да се прошири и да биде двонасочна. Но некои од граѓаните кои живеат на Даме Груев посакуваат овој проект да не се оствари.

Пратеничката од зелената партија ДОМ, вели дека овој проект нема да помогне за почист воздух во центарот на градот, а од оваа партија велат дека го поддржуваат проектот улицата  на Рекорд да се затвори за автомобили но не и улицата Даме Груев да стане булевар.

Маја Морачанин рече дека  овој проект претставува само дислокација на булеварот и состојбата со хаосот во градот ќе остане иста.

Зелената партија спроведе онлајн петиција со 450 потписи со која бараат еднонасочната улица Даме Груев да стане зелена а не да се претвора во булевар.

Извор: ТВ21