Жителите на северен Израел се подготвуваат за евентуално зголемено ракетирање и лансирање на беспилотни летала од Либан пред најавениот неизбежен прекин на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.
Во Голанската висорамнина и населбите на северот на Израел, повеќето училишта нема да бидат отворени, а големите собири се забранети.
Израелската армија соопшти дека соборила беспилотно летало кое полетало во Израел „од исток“, односно од Ирак.
Непосредно пред тоа, во северните области на Голанската висорамнина се огласија сирени за опасност од воздух.
Армијата навела и дека синоќа од Либан кон Западна Галилеја биле лансирани 10 ракети и дека биле пресретнати неколку ракети.
Во Нахарија избувнал пожар како последица на ракетен напад, посочуваат од армијата.
Состанокот на израелскиот безбедносен кабинет за прекинот на огнот во Либан ќе се одржи денеска во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон треба да објават прекин на огнот меѓу Либан и либанската милитантна група Хезболах во рок од 36 часа според постоечките планови, изјавија во понеделникот четворица неименувани високи либански функционери за Ројтерс.