Се размислува за воведување на задолжително тестирање кај секој граѓанин кој влегува во нашата држава, дознава 4NEWS.mk.
Министерот за здравство Венко Филипче запрашан денеска рече дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговарало за критериумите за влез во државата.
„Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки којашто навистина ќе биде ефикасни“, рече Филипче.
Оваа мерка би помогнала, рано да се детектира иднискиот сој, со цел да не се шири во државата.
Министерството за здравство се подготвува и за теренска вакцинација, а се планира и вакцинирање на младата популација со цел од септември да се реализира непречено наставата со физичко присуство.