Македонија

Се пофалија со саниран мостот во битолско: Граѓаните збеснаа – „Со ова ли се фалите бе циркузанти?!“ (ФОТО)

„Остануваме во служба на граѓаните, слики пред и потоа“, стои во постот објавен на фејсбук страната на КЈП Нискоградба-Битола, по која следеа низа реакции вокоментари.

На фотографиите е прикажан мост кој ги поврзува Хераклеа и населба Буковски Ливади.

„На барање на жители од Буковски Ливади за санација на мостот кој ги поврзува Хераклеа и населба Буковски Ливади, излеговме во пресрет и го саниравме. Остануваме во служба на граѓаните. Слики пред и потоа.“ стои во објавата.

„Каква врвна и професионална изработка “, „Со ова ли се фалите бе циркузанти?!“, „Па личи ли бре вакво грандиозно дело да биди пуштено без чочеци“ беа само дел од коментарите на граѓаните.

 КЈП “Нискоградба“- Битола комунално јавно претпријатие на подрачјето на општина Битола основано заради вршење на стопанска дејност од комуналната област од јавен интерес.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни