Порталот за видеоигри „Еурогејмер“ пишува дека во Велика Британија започнало да се појавуваат фотографии од понова, потенка и полесна верзија на „Плејстејшн 5“.
Еден од читателите испратил фотографии од новата конзола со поедноставна завртка за прицврстување на држачот, а самиот уред, според него, е и малку полесен.
Се чини дека од „Сони“ пуштиле нова дигитална верзија на својата конзола без никаква промоција, а истата е прво забележана во Австралија.
Оваа нова верзија, полесна за 300 грама, го носи кодот „ЦФИ-1100“.
Инаку, ова не е невообичаена практика за производителите кои ги менуваат своите уреди со текот на времето.
