Свет

Се појави видео во кое се тврди дека украинските војниците дошле до границата со Русија – „Претседателе успеавме!“

Се појави видео во кое се тврди дека украинските војниците дошле до границата со Русија – „Претседателе успеавме!“

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави денеска гувернерот на провинцијата Олех Синегубов, кој го објави своето тврдење на Телеграм.

Сè уште не е можно да се потврдат овие наводи, а не е јасно ниту колку војници стигнале до руската граница или каде точно се наоѓаат.

Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое наводно се гледа група војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.

„Претседателе, успеавме“, рече еден од војниците, а видеото брзо стана вирално и предизвика еуфорија низ Украина.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции објавија дека руската офанзива во регионот на Донбас е запрена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни