„Се потрошија 12 милиони евра за фингерпринт систем и повторно ќе има спорни гласови“, кажа Кржаловски во ТВ21

Александар Кржаловски вечерва е гостин во ТВ21 во Отвореното студио посветено за локалните избори.

Кржаловски и Спасеновски коментираа за новиот фингерпринт системот. Спасеновски кажа дека многу пари се потрошени, а системот повторно не бил на нивото.

„Генерално се смируваат страстите од пред 10-15 години. Не гледам нешто драматично во затворањето на гласачките места пролонгира, а не гледам причина да се продолжи изборниот молк.

Мене друго ме секира, тоа дека авантура целиот систем чини 15 милиони евра. На 4000 места, за 400 илјади евра можеа да се обезбедат, ама 12 милиони евра да дадеме за ваква работа, која повторно е спорна. Да се избегне регуларност. И сега ќе има нерегуларност, затоа што тие глсаа без финтерпринт, не поминаа низ тој систем. И сега тие гласови ќе одлучуваат можеби и тие се спорни“, рече Кржаловски.