Сè повеќе популарни се овие криптовалути – инвестираше и Џордан Петерсон

Познатиот канадски психолог Џордан Петерсон објави дека вложил пари во моментално најсилната криптовалута.

Изјавата дојде неколку дена откако тој објави нова епизода од неговиот подкаст, каде што разговараше за криптовалутите со д-р Сеифдин Амус од Универзитетот Колумбија.

Петерсон разговараше со својот соговорник за голем број прашања, како на пример дали криптовалутата е безбедна за инвестирање и како изгледа нејзиното ривалство со традиционалните валути.

Д-р Амус тврдеше дека биткоинот прераснал во децентрализирана монетарна мрежа, која е ослободена од контрола и дискриминација.

„Аспектот што мрежата на биткоин го гледа и го третира секој корисник е подеднакво моќен и револуционерен. Сите системи што моментално се поставени, базирани на „фиат“ валути, дозволуваат произволна дискриминација и санкции“, рече тој.

Експертот подоцна му се заблагодарил на Петерсон во објава на социјалните мрежи, а канадскиот психолог пак рекол дека купил повеќе биткоини, пренесува Sputnik International.

Инаку, според пишувањата на медиумите, Петерсон ја зголемил својата нето вредност која сега се проценува на 7 милиони долари. Се разбира, најголемиот дел од неговото богатство не потекнува од криптовалутите, туку од авторските права од неговите книги.

Поврзани вести

Илјадници протестираа во Брисел против цените на струјата и ниските плати

Во Брисел се одржуваат национален штрајк и демонстрации против поскапувањето на енергенсите и намалувањето на куповната моќ на платите. Според полицијата, на демонстрациите учествувале вкупно околу 6.000 луѓе. Демонстрантите носеа...

Неколку важни совети од Сократ

Сократ, еден од најважните и најголемите филозофи на античка Грција, чие влијание врз западната филозофија и логика е неизмерно, ни даде важен филозофски совет кој може да биде од голема корист за...

Од полноќ нова цена на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГРЕШИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Животот уште посурово ви враќа сè што правите!

Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот. Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...