Балкан

Се преврте автобус во Турција, 8 загинати и 35 повредени

Се преврте автобус во Турција, 8 загинати и 35 повредени

Осум лица загинаа, а 35 се повредени во автобуска несреќа во Турција, јави турската телевизија ТРТ.

Автобусот кој сообраќал од Дијарбакир кон Бодрум излетал од патот и се превртел во реонот на градот Динар. На местото на настанот веднаш биле испратени спасувачки екипи.

Во автобусот имало вкупно 43 лица.

Состојбата на четворица од ранетите се оценува како сериозна, јавија турските медиуми, повикувајќи се на локални претставници, пренесоа ТАСС.

ФОТО: АРХИВА

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни