Се продава англиски замок од 13 век – еве по која цена е достапен

Се продава замокот Лимп од 13 век, кој се наоѓа во Округот Кент во Велика Британија.

Од него има несекојдневен поглед на Ламанш, а низ својата историја имал разни цели, односно во изминативе 20 години се користел и за свадби и други свечености.

Претходно, освен како благородничка резиденција, се користел и како воен објект, додека пак за време на Втората светска војна, оттука се набудувале ракетите В1 соборени од Британците.

По завршувањето на војната, замокот го купил Хенри Бичам, кој додал една кула, а сега е во сопственост на Роберт Тејлор кој го купил во 2011 година.

Во моментов овој замок се продава за 11 милиони фунти.

Иначе, замокот досега го посетиле бројни познати личности, државници, музичари, а Пол Макартни тука снимил и дел од својот албум „Back to The Egg“, со својот бенд „Вингс“.