Се разделуваат Албанија и Македонија на патот кон ЕУ: Тирана ги започнува преговорите за полноправно членство

Албанија ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската унија. Земјите-членки едногласно одлучија да го започнат процесот.

Официјално тоа ќе се случи на меѓувладината конференција Европска Унија-Албанија на 15 октомври. Тогаш ќе се отвори првото поглавје од преговорите.

Се вчитува...

Извори од Брисел неофицијално коментираат дека тоа значи одвојување на Тирана и Скопје на нивниот пат кон Европската унија.