Македонија

Се судрија „Дукати“ и „Ауди“ на автопатот Скопје-Велес, еден од учесниците избегал!

На 22.10.2021 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни