Македонија

СЕ ТРАГА ПО 23-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА: Се оддалечила од домот со нејзината 2-годишна ќерка!

СЕ ТРАГА ПО 23-ГОДИШНА ВЕЛЕШАНКА: Се оддалечила од домот со нејзината 2-годишна ќерка!

Вчера Марјанчо Малинов од Велес пријавил во полиција дека неговата 23-годишна ќерка Теодора се оддалечила од домот во непознат правец, заедно со нејзината двегодишна ќерка, објави „Фокус“.

„Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот и е во притвор и таа две години живееше со нас, има кат во куќата за неа и за внуката“, вели Марјанчо Малинов за „Фокус“.

Дента кога заминала, дома имале расправија. Таткото вели дека таа со автобус заминала во Струмица. Потоа тоа го дознал, дека била на автобуската и отишла во Струмица.

Фото: Фокус

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни