Македонија

Се укинуваат квотите за лекови, од утре во туристичките места, до есен низ цела државата

Од утре ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизми за заштита од злоупотреба. Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт и тие ќе бидат подостапни за пациентите. Првата фаза на укинувањето на квотите за лековите започнува од утре низ туристичките места, а во зависност од Фондот за здравствено осигурување следнатите фази ќе се имплеметираат до крајот на окотомври.

„На крајот на месецов ќе започне административната официјална процедура на вклучување на сите аптеки кои во овој момент не се во мрежата, со цел тие да се вклучат за да може и тие, сега отворени и веќе функционални аптеки, да станат дел од овој систем на целосна реализација на своите рецепти, а во исто време паралелно ќе започнеме и со проширување на мрежата согласно одлуката на последната седница на Владата за прием на нови специјалистички ординации од различни специјалности од областа на медицината и стоматологијата со цел да се излезе во пресрет на младите луѓе кои долго време чекаат место да отворат своја ординација и да работат со пациенти на сметка на Фондот за здравствено осигурување“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни