Седум лица, меѓу кои и четиричлено словенечко семејство, загинаа денеска во хеликоптерска несреќа на југот на Италија, објавија италијанските медиуми.
Хеликоптерот исчезна од радарите во Кастелпагано ди Апричена, рурална област во провинцијата Апулија, по што армијата и пожарникарите започнаа потрага.
Почина и 13-годишно девојче
Заменик-гувернерот на Апулија, Рафаеле Пијемес, изјави дека хеликоптерот е пронајден и дека сите седум патници и членови на екипажот загинале, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Меѓу загинатите има и четиричлено словенечко семејство, меѓу кои и 13-годишно девојче. Останатите жртви се локален лекар и двајца пилоти.
Хеликоптерот кој секојдневно летал од Фоџа, во Апулија на островот Тремита во Јадранското Море, се урнал најверојатно поради лошото време.