Балкан

Се уште го нема исчезнатиот авион: Нови информации од Хрватска, жена слушнала бучава во близина на својата куќа

Се уште го нема исчезнатиот авион: Нови информации од Хрватска, жена слушнала бучава во близина на својата куќа

Авионот Цесна 182, кој денеска исчезна од радарот во 11:25 часот, се уште не е пронајден, но потрагата е стеснета.

Јосип Граниќ, шеф на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС), рече дека потрагата ќе продолжи, во текот на ноќта.

Тој потврди дека имаат и некои извештаи за можна авионска несреќа, но недвосмислено рече дека „засега, според никаква трага или докази, не може да се каже дека авионот паднал, тој се уште се води како исчезнат“.

Пријавите што ги спомна Граниќ се однесуваат на жена од викендица во Брезовац која ја известила полицијата дека таа и нејзините деца слушнале бучава над нивната нива, но градоначалникот на Раковица Миховил Бичаниќ потврдил дека потрагата била стеснета во во таа насока.

– Потрагата е стеснета на реонот на селата Брезовац и Липовац, кој е на само четири до пет километри од центарот на Раковица – рече Биќаниќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни