Се уште не се знае каде е двегодишната Данка – потрагата во населбата е прекината, полицијата вели не е тука!

Двегодишната Данка Илиќ исчезнала вчера околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор (Србија), а во потрагата по девојчето биле вклучени сите дежурни служби на МУП и бил активиран системот „Најди ме“ за прв пат откако беше лансиран во Србија.

Во моментот на исчезнувањето Данка носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса.

Се вчитува...

По 27-часовна потрага, во која учествуваа полицајци, пожарникари, припадници на планинската спасувачка служба, кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека претресот на теренот во населбата Бањско поле се запира, бидејќи се укажува дека детето не е тука.

Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптер и беспилотни летала со термо камери.

Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што ќе биде информирана јавноста.