Македонија

Се уште нема одлука – заврши рочиштето на Мухамед Зекири

Се уште нема одлука – заврши рочиштето на Мухамед Зекири

Обвинителката Катерина Коларевиќ денеска во изјава за медиумите посочи дека се уште нема одлука од судот за Мухамед Зекири.

Таа додаде дека сега е завршено рочиштето, а ќе ги повикаат за да им ја кажат одлуката.

На новинарско прашање околу тоа дали имаат доказ дека е можно бегство на Зекири, Коларевиќ вели дека во моментот немаат формални докази, но постои сомнеж.

„Во овој момент доказ ако мислите во некоја формална смисла не, сомнеж да. Тоа се оперативни сознанија, кои што се изнесени од страна на судот, доколку ги прифати ќе објасни зошто, а доколку не, исто ќе објаснат“, вели Колариќ.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот Зекири во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни