Свет
21,796,335
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
8,162
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
3,165
Вкупно починати
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42
Македонија
93,942
Вкупно оздравени
Updated on 05/03/2021 13:42 13:42

Се враќа во сила Законот за акцизи: Полнете резервоари, од полноќ поевтини цени на бензините

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.

Како што сооптши Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), од ноќеска на полноќ цените ќе бидат: на ЕУРОСУПЕР БС – 95 61 денар на литар,  ЕУРОСУПЕР БС -98 63 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50  и мазут М-1 НС 30,823 денари за килограм.

РКЕ всушност изврши усогласување на Одлуката од 18.01.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со Законот за акцизи. Одлуката за усогласување ја донесе зашто престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

-Поради истекување на важноста на Уредбата што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата. Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи. Овие цени ќе важат се до донесување нова одлука, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката. 

НАШ ПРЕДЛОГ

ССНМ и ЗНМ со целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на начинот на кој без...

Имунизацијата на населението ќе почне месецов

До крајот на годината, производителот „Фајзер“ во земјава ќе испорача 800.280 дози вакцини против Ковид- 19. Според надлежните, првите...

Пукање во Скопје, убиени две млади момчиња

На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - Косовска бригада“ се слушнало пукање.
Skopje
clear sky
16 ° C
16 °
16 °
27 %
1.5kmh
0 %
Fri
16 °
Sat
10 °
Sun
11 °
Mon
13 °
Tue
9 °