Свет

Се вратил во барот за да земе јакна и телефон – семејството сега не знае дали е жив

Се вратил во барот за да земе јакна и телефон – семејството сега не знае дали е жив

Потрага по 16-годишниот Акиле Бароси трае од Нова Година, кога младиот човек се вратил во клубот „Ле Констелашн“ за да ги собере своите работи. Тој влегол во клубот околу 1:30 часот по полноќ за да ја земе јакната и телефонот, а неговото семејство оттогаш нема никаква вест за него, објавува Би-Би-Си.

„Не знаеме дали е сè уште жив“

Неговото семејство е во агонија оттогаш. „Не знаеме каде е Акиле. Се надеваме дека е во една од болниците“, изјави неговата тетка Франческа за Би-Би-Си.

„Не знаеме дали е сè уште жив“, додаде таа, опишувајќи го својот внук како прекрасно момче и одличен сликар кој посетува уметничко училиште во Милано.

„Само сакаме да го најдеме, и тоа е тоа“, рече очајната тетка. Во меѓувреме, швајцарските власти соопштија дека формалната идентификација на мртвите и повредените е сè уште во тек.

„Официјалната идентификација е приоритет“

Шефот на полицијата Фредерик Гислер потврди дека 113 од 119 повредени лица се официјално идентификувани. Процесот на официјална идентификација на преостанатите шест лица е сè уште во тек.

Тој рече дека меѓу идентификуваните има 71 швајцарски државјанин, 14 Французи, 11 Италијанци, четворица Срби, еден Босанец, еден Белгиец, еден Луксембургец, еден Полјак и еден Португалец.

Претседателот на кантоналната влада, Матијас Рејнард, рече дека бројот на жртви во пожарот сè уште се проценува на 40.

Шефот на швајцарската судска полиција, Пјер-Антоан Ленжен, нагласи дека официјалната идентификација на мртвите продолжува, што во моментов е „апсолутен приоритет“.

„Грешките не смеат да се дозволат. Мора да ги вратиме точните останки на семејствата“, рече тој.

Прва жртва идентификувана

Првата жртва идентификувана е Италијанецот Емануеле Галепини, 16-годишен меѓународен голфер кој живеел во Дубаи.

Властите предупредија дека идентификувањето на жртвите или утврдувањето на конечниот број на жртви ќе потрае бидејќи многу од телата биле тешко изгорени.

Да потсетиме, пожарот избувна во четврток околу 1:30 часот по полноќ во барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, популарно место за туристи, вклучувајќи и многу млади луѓе кои ја слават Новата година, според кантоналните власти.

Сè уште е непознат бројот на присутни во двокатниот бар, кој според веб-страницата има капацитет од најмалку 300 луѓе. Се претпоставува дека имало околу 200 од нив.

Повредените се префрлени во разни болници, вклучувајќи ги оние во Лозана, Женева и Цирих, па дури и во соседните Франција и Италија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни