Македонија

Се „заштитува“ ли СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во МВР? Кадровски рокади пред техничката Влада

Продолжува бранот рокади на вработени на високи позиции во МВР.

Различни извори на ТВ21кои се вработени во полиција потврдуваат дека секој ден се објавуваат внатрешни конкурси кои овозможуваат рокада на службениците од една на друга позиција.

Два избори во два различни градови, кои побараа да останат анонимни, тврдат дека преку овие конкурси се поставуваат доверливи луѓе на СДСМ.

Внатрешните конкурси во МВР ги потврдува и претседателот на независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев, кој исто така ги потврди гласините за рокади на шефови и полициски службеници.

Најголемиот страв е дека од оваа систематизација најмногу ќе настрадаат албанските кадри, тврдат извори на ТВ21. Како пример го наведоа град Скопје каде од пет единици што се очекува да се формираат, само таа на Бит Пазар ќе биде управувана од кадар на ДУИ, тврди изворот, кој исто така зборувајќи за прашањето на систематизацијата ни рече дека на заменик министерот на МВР, Агим Нухиу, работата му излегува од контрола и дека тој „едно зборува во партија а друго прави во Министерството“.

Тв21 и денеска побара одговор од заменик министерот за рокадите за кои известувавме изминатите денови за да го прашаме како тој како коалиционен партнер е клучен во новата систематизација, а од него не добивме никаков одговор.

Прашан за рокадите во полицијата, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, рече дека поминало времето на режимот ВМРО-ДУИ, кога МВР се третираше како партиски штаб.

За деполитизирана полиција пред неколку дена зборуваше и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој рече дека „никој не смее да биде дискриминиран поради политичките убедувања“.

Претседателот на независниот синдикат на полицијата, тврди дека во МВР се прават такви математики.

ТВ21 има фотографии со кои се потврдува политичката блискост на службениците кои пред неколку дена беа преместени од нивните работни задачи на граничниот премин Блаце, меѓутоа го штити нивниот идентитет.

Треба да се истакне дека застапеноста на Албанците на раководни позиции во МВР е само 4%. Дури, според податоците кои првиот човек на независниот синдикат на полицијата денеска ги сподели со ТВ21, во шумската полиција во вкупно 31 полициска станица, на 93 работни места како помошници, заменици или командири, нема ниту еден Албанец.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни