Вечерва, во периодот од 22:15 часот до 5:00 часот утринава, ќе биде затворена источната обиколница на Солун, во правец кон Халкидики. Сообраќајот ќе се пренасочува низ централните градски улици, информираат од Сообраќајната полиција на Солун.
Дополнително, најавено е дека во вторник и среда, 19 и 20 август, од 7:00 до 16:00 часот, ќе се вршат работи за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата. Во овој период ќе се применува наизменично делумно затворање на десната сообраќајна лента во двата правци, со цел да се овозможи непречено извршување на работите.
Полицијата апелира до возачите да бидат претпазливи, да ја почитуваат поставената сигнализација и по можност да користат алтернативни правци за движење во наведениот временски интервал.
