Седење во публика во ЗГ се исплати: Откако Цеца и подари чанта, сега доби и пари!

Откако Цеца Ражнатовиќ пред неколку недели и ја подаде долго ветената чамнта, а потоа доби 50 евра, Новка стана најпопуларниот припадник на публиката на „Ѕвездите на Гранд“.

Иако го чека овој подарок повеќе од една година, Новка не крие дека очекувала ваков потег од новиот член на жирито.

„Се чувствувам прекрасно, очекував Цеца да го исполни ветувањето. Таа е прекрасна и хумана жена и бев некако сигурна дека ќе ми ја донесе мене“, вели таа.

Таа додава дека излегла со нејзините пријатели кои ја нападнале за да ги части.

„Како ги добив, така и ги дадов. Имавме убаво уживање, бевме во ресторан за да не мислите во Италија“ – откри верниот припадник на публиката.

„Мојата желба е да одам во Венеција, но немам спонзор што може да ме однесе“, додава таа.