Седницата за уставни промени се одложува за утре во 12 часот, дознава ТВ21.
Седницата требаше да започне денеска во 13 часот откако вчера по резимето на премиерот Заев, беше прекината, но не започна. Беше одложена за 15 часот, па час и половина подоцна е одложена за утре во 12 часот.
Според наши информации се уште не е обезбедено 2/3 мнозинство па затоа седницата се одложува.
Исти постапки имаше и во првата фаза кога исто така беше потребно 2/3 мнозинство и тогаш седницата се одложуваше неколку пати.
Групата од осум независни пратеници кои во првата фаза дадоа зелено светло на уставните промени за ТВ21 велат дека тие не се кочничари за почеток на седницата за уставни промени.
За ТВ21 потврдуваат дека движењето Беса е кочничар и бараат да се исполнат нивните барања.
Емилија Александрова за ТВ21 кратко ни одговори „Не сме ние, туку Беса.“.
Зеќир Рамчиловиќ пак додава „Нашата пратеничка група не е кочничар на уставните измени, туку кочат барањата на пратениците од Беса“.
Во синоќешното гостување на Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека додека не се исполнат нивните услови нема да ги поддржат уставните промени. Заев пак во ТВ интервју, синоќа потврди дека не е обезбедено 2/3 мнозинство.
