Седницата за уставни промени утре точно напладне – пред Собранието најавени протести

Последната фаза од уставните промени кои како предлог ги достави до Собранието, Владата на Република Македонија утре ќе се најдат пред пратениците.

Точно напладне, во 12 часот е закажана 75 седница на Собранието на Република Македонија каде со шест точки кои се на дневен ред ќе биде заокружен процесот на уставните промени, доколку за него зелено светло дадат 2/3 од пратениците.

Се вчитува...

Дневен ред за 75 седница на Собранието на Р.М:

1. Утврдување на Предлог на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија;
2. Донесување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија;
3. Прогласување на Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија;
4. Предлог на уставен закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.
5. Предлог – одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“, во Исламската Република Авганистан
6. Предлог – одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“, во Исламската Република Авганистан

Дали има 2/3 мнозинство се уште ниту се потврдува ниту се негира од Власта.

Извор: ТВ21