Свет

Седум лица починаа од грип во Романија

Седум лица починаа од грип во Романија

Седум лица починаа од грип во Сибиу, јави телевизијата Диги24. Станува збор за пет мажи и две жени на возраст од 58 до 80 години, информираа од Дирекцијата за јавно здравје во романскиот град.

Сите пациенти имале вирус на инфлуенца А и биле примени на Одделот за интензивна нега во Окружната болница во Сибиу. Никој не е вакциниран против грип, прецизираат од медицинската установа.

Во Сибиу, три лица исто така беа потврдени со флурон – комбинација на грип и коронавирус. Двајца од пациентите се примени на инфективното одделение, еден е на интензивна нега.

Се очекува денеска (12.01) Националниот институт за јавно здравје да ги презентира најновите податоци за развојот на респираторните инфекции во Романија. Институтот потврди уште два смртни случаи во Букурешт поради вирусот на грип. Така нивниот број во Романија достигна девет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни