Седум нови случаи на заболени од морбили, во Скопје вкупно се вакцинирани 1.692 деца

Нови седум случаи на заболени деца од мали сипаници синоќа се примени на Клиниката за инфективни болести во Скопје соопштуваат од Министерство за здравство.

Од Министерството велат дека најмладиот пациент е осум месечно бебе а најсариот 33 години. Најмногу од заболените се пријавени од населбата Ново Лисиче, односно 9 деца.

Досега на Клиниката за инфективни болести се прегледани околу 30 пацинти кај кои постои сомнеж или потвда за заболување од морбили. Осум од нив биле со полесна клиничка слика и се пуштени на домашно лекување велат од Министерството.

Откако е прогласена емидемијата на мали сипаници, почетокот на јануари, во вакциналните пунктови во Скопје вкупно се вакцинирани 1.692 дечиња.

„Денес до 13 часот вакцинирани се 85 деца. Уште еднаш повикуваме родителите да ги вакцинираат децата. Вакцините се со добар квалитет, со добар рок на траење и се од европски производител“, велат од Министерството за здравство, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе решенија со кои им се забранува на градинките да примаат невакцинирани деца со вакцината МРП.

По случајот дека вакцините се со изминат рок, на барање на министерот Филипче беше направен вонреден надзор на вакцините од дистрибутерот „Макдонијалек“при што кај помалку од еден отсто од вакцините биле ставени налепници со погрешен датум, а провреката на вакцините покажала дека тие се со важечки рок до мај и јули годинава.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното