Македонија

Седумгодишна кавадарчанка го искачи врвот Дудица на Кожуф

Седумгодишна кавадарчанка го искачи врвот Дудица на Кожуф

Седумгодишната Цветанче Минчорова од Кавадарци успешно го искачи врвот Дудица на Кожуф, висок 2.150 метри, во рамки на традиционалното планинарско искачување организирано од планинарското друштво „Орле“.

Од друштвото информираат дека Цветанче без тешкотии го совладала искачувањето како дел од група од околу 70 планинари.

Таа е член на „Орле“ веќе шест години и со планинарење започнала уште кога ги направила првите чекори. Нејзин постојан придружник е дедо ѝ Никола Минчоров, искусен планинар со 55-годишно планинарско искуство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни