Сега ја гледаме во серијата „Пејачка“, а на почетокот од годината ја расплака цела Србија – знаете ли која е Јелена?

Јелена Грујичиќ Мур денес е во центарот на вниманието, поради улогата на Емилија во серијата „Пејачка“.

Првата епизода од серијата „Пејачка“ заинтригираше многумина, а најголемо внимание привлекоа главните (анти) хероини, пејачките Ивана и Емилија, играни од Милица Павловиќ и Јелена Мур.

На многумина оваа актерка им беше позната, но не знаат од каде. Епа сега ќе ви откриеме поради што е Јелена ни е врежана во мозокот.

Кога го гледавме потресниот филм „Дара од Јасеновац“, никој не остана рамнодушен на улогата на Бланкица, која ја играше Јелена Грујичиќ Мур.

Таа во улога на Бланкица ја спаси Дара од смртта, а многумина ја засакаа баш поради оваа улога.

Актерката еднаш рече дека пандемијата на корона го прекинала нејзиното школување во Америка, каде го запознала својот сопруг, кој сега живее во Србија. Таа се запозна со Стивен Мур, кој исто така е актер, за време на студентските денови.