AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Секое утро во кафето додавала од овој зачин – само еден месец подоцна можела да „влезе“ во фармерките од средно

Кафето само по себе е добар сојузник во губење на тежината, но може да биде и подобро.

Кафето ќе го забрза метаболизмот, а доколку редовно вежбате и јадете правилно, многу брзо ќе се доведете до совршенство.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека е најдобро да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко и шеќер, бидејќи на тој начин внесуваме непотребни калории. Таа, исто така, советува да додавате малку цимет во кафето еднаш дневно.

Таа со личен пример утврди колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро додавала по една лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец, таа забележа значителна разлика во тежината.

Успеала да ослабне 4 килограми и да се ослободи од салото што со години го имала на стомакот.

„Циметот ја стимулира термогенезата во телото“, објаснува Ричардс и на тој начин доведува до топење на масните наслаги.

„Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе да согориме повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разните додатоци кои можат да го сторат истото”, објаснува таа.

Таа, исто така, забележува дека ова не е магична напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без диета и воведување физичка активност.