Селин Сентино (26) од Швајцарија ја шокираше јавноста со фотографии пред бројните пластични операции кои ги направи и за кои издвои неверојатни 35.000 евра.
Таа никогаш не ги криеше корекциите, а судејќи според фотографиите пред нив, евидентно е дека старлетата целосно го промени личниот опис.
Како што навела, на овој потег се одлучила по долгогодишно малтретирање во тинејџерскиот период, кога нејзините врсници ја навредувале и исмевале на секој чекор, велејќи дека е „грда“ и дека „е тешко да се гледа“.

Селин исто така вели дека малтретирањето отишло толку далеку што честопати се правела дека е болна само за да избегне да оди на училиште.

„Ме мачеа секој ден, секој пат за нешто друго. Или ми рекоа дека изгледам како момче затоа што немам гради или мојот задник е премногу дебел, што сега ми се допаѓа. Децата ми рекоа дека моето лице изгледа како ѓубре“, рече таа.
После тоа, таа одлучила да заштеди пари за пластични операции, а потоа ѕвездата на Инстаграм ги оперираше градите и носот три пати за четири години, и вбризга филери во образите, брадата и усните.
Селин ја следат преку 300 илјади луѓе на Инстаграм, додека на Фејсбук таа бројка е повеќе од половина милион. Старлетата вели дека сега добила неколку комплименти, но и други „необични реакции“.
