На околу 20 проценти од луѓе на светот вториот прст на стапалата им е подолг за разлика од палецот, а таа „аномалија“ има и свое име – Мортонов прст.
„Доколку не чувствувате болки поради продолжениот втор прст на стапалото, Мортоновиот прст не би требало да ве загрижува“, препорачува хирургот Гери Пич.
Тој додава дека тоа е „наследна аномалија“, и иако не е многу распространета не би требало да ја сфаќате премногу сериозно.
Обувките не се дизајнирани за ваков вид на стапала што може да доведе до создавање на одредени проблеми, како што се плускавци, превиткувања или пак појава на трајно искривување на прстот, дообјаснува хирургот Гери.
Подготви: Наталија Јосифоска
