Фановите на „Дизни“ велат дека Џесика Рабит е еден од најпознатите секс-симболи во анимираниот свет, а тоа ја прави оваа сакана и бујна „жена“ од играно-цртаниот филм „Кој го намести Роџер Рабит?“ – своевидна аномалија во „семејниот свет“ на „Дизни“.
Но сепак, овој легендарен женски лик, со гласот на Ејми Ирвинг, Кејтлин Тарнер и многу други актерки, се менува.
Сепак таа нема да биде сменета во филмот во режија на Роберт Земекис од 1988 година, туку само во возниот парк „Роџер Рабит“ на „Дизниленд“ во Анахајм, Калифорнија, кој е посветен на оваа филмска класика.
Па така, таму таа ќе биде, како што велат од Дизни, „помоќна и многу помалку оскудно облечена“.
По оваа информација, обожавателите се јавија со измешани емоции, односно додека некои ракоплескаат, други се потсмеваат на овој потег.
Инаку, се чини дека ова е во рамки на трендот и стремежот на „Дизниленд“ на своите „спорни“ женски ликови од минатото да им даде помалку стереотипни и политички покоректни својства и одлики.
