Сексуално активните луѓе повозрасни од 50 години имаат подобра меморија

Ново истражување кое е објавено во списанието „Архивс“, покажува дека сексуално активните луѓе повозрасни од 50 години имаат подобра меморија, односно подобра способност за помнење.

Ова истражување било спроведено на вкупно 6.016 лица, сите постари од 50 години, а било по барање на Марк Ален, професор на Факултетот за психологија при Универзитетот на Волонгонг, Австралија.

Податоците биле собрани во 2012 и 2014 година, а на испитувањето било спроведено врз 2.672 мажи и 3.344 жени во повеќе гледишта од нивниот живот, вклучувајќи го тука здравјето, исхраната и сексуалната дејност.

„Ова посочува дека краткотрајно, честиот секс може да има позитивно влијание врз помнењето“, посочува написот.

Споредувајќи два теста над истите луѓе од 2012. и 2014 година, професорот дојде до заклучок дека иако сите повозрасни покажале знаци на губење на меморијата, оние луѓе кои имале повеќе интимни врски се покажале како подобри на тестовите за помнење.

„Овие наоди се засновани на експериментални истражувања кои покажаа дека сексуалната активност ја подобрува епизодната меморија и кај животните што се различни од луѓето“, се вели во истражувањето.

Исто така, друго истражување кое било спроведено од Универзитетот „Мекгил“ во Канада, во 2016 година, посочува дека жените кои имаат повеќе секс, имаат подобро помнење.