Села од плоштад „Скендербег“ – „Го направивме Законот за државјанство, дури и од опозиција“

Претставувајќи ги кандидатите за градоначалник, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека коалицијата за Албанците АА-ААА го одржува дадениот збор. Тој пред присутните рече дека се чувствуваат горди што законот за државјанство е направен и тоа додека се во опозиција.

„За една работа да бидете сигурни, она што го зборуваме – го правиме. Денес сме горди, кога ви кажавме дека ние го направиме, Законот за државјанство првите 100 дена Влада, веројатно имаше многу скептици, но ние заедно со овие пратеници, кои се присутни овде меѓу нас, го направивме и тоа додека бевме и во опозиција“, изјави Зијадин Села – претседател на Алијанса за Албанците.