Села: Премиерот се соочува со неговото неодговорно однесување

ТВ21: Мицкоски денеска на прес конференција рече дека Премиерот најавува негов план Ц. Како ќе постапите вие докплку Премиерот има друг план за законот за ЈО?

Зијадин Села: Премиерот најпрво ќе се соочи со своето неодговорно однесување што како резерва ги држи другите политички субјекти. Ние не сме спремни да правиме компромис со правната држава. Нашиот принцип и начело во оваа ситуација е да се изгради држава и судски систем и правен систем кој им гарантира еднаквост на граѓаните пред органите на правдата. Тоа го доставивме преку амандманите кои се во собраниска процедура. Сигурно премиерот Заев ги видел, нека ги види и нека ги прифати бидејќи не ги правиме за себе туку  за да изградиме добар правосуден систем.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното