Македонија

Села се жали дека не ги земаат во предвид препораките, директорите на претпријатијата немаат време да се сретнат со него

-Во 4 градски претпријатија албанскиот јазик се спроведува делумно. Испратив и официјално писмо да се сретнам со претставници на тие претпријатија, како што е ЈП „Градски паркинг“. На директорот Борче Јакимовски му напишав писмо, но сѐ уште немам одговор. Побарав албанскиот јазик целосно да се спроведува во оваа институција. Исто така и на директорот на ЈП „Улици и Патишта“, Сенад Смаиловиќ, но и од него немам одговор. Ниту од директорот на „Водовод и Канализација“, Душко Весковски, немам одговор. Писмо испратив и до директорот на ЈСП, Кристијан Чушков и од него не добив одговор. Моето писмо е со цел да се сретнеме и кај што има потреба да ги поддржам за албанскиот јазик да се спроведува целосно во овие институции-рече Села.

Вака се жали директорот на Агенцијата за спроведување на законот за јазици Илбер Села. Тој во интервју за ТВ21рече дека никој не ги зема предвид неговите препораки за спроведување на албанскиот јазик. Го прашавме првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, а тој рече дека се сретнал со Села, но го оправда одложувањето на средбите со директорите на претпријатијата.

Од друга страна, директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Васкоски вели дека во нивната архива пристигнал прашалник од Агенцијата за јазиците, за кој што подготвуваат одговори.

Директорот вели дека во претпријатието немаат преведувачи и лектори бидејќи оваа услуга претпријатието ја врши преку тендер. Тој тврди дека за преводи, претпријатието годишно издвојува повеќе од 1 милион денари. ТВ21 побара одговор и од директорите кои ги спомна директорот на Агенцијата, Илбер Села. Но од нив не добивме одговор. Законот за спроведување стапи на сила пред седум месеци.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни