Селата од регионот на Кардак и понатаму блокирани

Жителите на селата од регионот Карадак, веќе неколку дена по ред се обидуваат да се сретнат со него, но тој и понатаму е недостапен за нив. Селата кои се дел од општина Чучер Сандево и понатаму блокирани од снег.

Новинар: Миљазим што ти рекоа внатре?
„Ни рекоа дека градоначалникот не е на работното место и дека друг пат можеме да стапиме во контакт со него. Но, мислам дека нема да се видиме, бидејќи тој не сака да се сретне со нас. Нашите барања до градоначалникот, како што изгледа се залудни. Нема да го решат проблемот на жителите на Танушевци, Брест и Малино“, вели Миљазиим Аземи – жител на селото Танушевци.

„Ова е трет ден по ред како бараме средба со градоначалникот на општината, меѓутоа тој сѐ уште не се сретна со нас“, додава Аземи.

-Дали го баравте преку телефон? Ви одговори ли?

-Не, ниту на телефон не одговори. Проблемите продолжуваат како и досега. Патот и понатаму е блокиран. Не ни одговори ниту на телефон, ниту пак имавме можност за средба со градоначалникот.

И екипата на ТВ21 беше во општината за да го побара Пејковски.


„По барање на жителите на карадачките села, екипата на ТВ21 денеска повторно отиде во општината Чучер Сандево. Повторно не го најдовме градоначалникот Јован Пејковски, а секретарот на општината ни рече дека тој не е надлежен да говори по ова прашање“, вели репортерот на ТВ21, Арменд Гаши.

Не сме надлежни да даваме изјави без дозвола на градоначалникот, беше одговорот на  општинските службеници.


„Од општината Чучер Сандево ни рекоа дека градоначалникот Пејковски е на терен. Нашата екипа го побара на терен, но не успеавме да го најдеме. Сега ќе се обидеме да го контактираме и телефонски. Како што можете да видите, не успеавме да го добиеме, бидејќи телефонот му е исклучен“, додава нашиот репортер.

Пејковски го побара и Министерството за локална самоуправа

„Градоначалникот на општината Чучер Сандево го контактираа и од Кабинетот на Министерството за локална самоуправа и побараа, согласно можностите што ги има општината да преземе мерки. Доколку тој се произнесе дека општината нема можност, тогаш ова прашањето ќе го покренеме на повисоки владини нивоа и ќе им излеземе пресрет на жителите од овие зони“, изјави Сухејл Фазлиу – Министер за локална самоуправа.

По нашите бројни обиди, став од градоначалникот Пејковски добивме непосредно пред почетокот информативниот магазин. Вети дека утре ќе излезе со подетални информации во однос на расчистувањето на патиштата кои водат кон кадарачките села.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21