Анонимна жена на познатата платформа „Редит“ си ја отвори душата и напиша дека семејството на нејзиниот сопруг има бизарен ритуал по смртта на член од семејството.
„Семејството на мојот сопруг е од Велс, но не мислам дека станува збор за културолошки обичај, ниту успеав да пронајдам дека некои луѓе го прават истото“, вели таа.
Според нејзината приказна, семејството на нејзиниот партнер, на починат член од семејството пред погребување му ги вадат сите заби. Секој жив роднина тогаш добива по еден заб кој треба секогаш да го носи со себе во платнена кесичка.
Забите се расподелуваат со список, а тоа значи дека посебно се определува кој заб ќе биде за кој член, во зависност од тоа кој колку бил близок со починатиот.
Откако се вадат сите негови заби, во телото се уфрлуваат туѓите заби кои покојниот ги добил во текот на животот.
„Мојот маж се вознемири кога му кажав дека не сакам да учествувам во тој ритуал, и не сакам да чувам заби, но тој и неговите родители очекуваа дека и на мене после смртта ќе ми ги извадат забите и ќе ги поделат на останатите“, додава таа.
Додаде дека сопругот дури размислува и за развод по одбивањето на ритуалот.
