Сердар Акар, продуцентот и режисер на легендарната „Збогум Румелија“, седна во директорската фотелја на Балканска приказна, ТВ серија којашто се емитува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а веќе неколку месеци се снима во Скопје.
Акар со филмовите што до сега ги има снимено и со напишаните сценарија, освои многу награди во Турција и странство.
Тој како продуцент и режисер на балканската серија „Збогум Румелија“, заедно со продуцентскиот и актерски тим успеаја да ги срушат рекордите на гледаност.
Сердар Акар сега како дел од семејството на серијата „Балканска приказна“ вели дека најубавите години од неговиот живот ги поминал токму овде во Македонија.
